Skip to main content

Нашата Bolton Clarke приказна

Подобри услуги за поддршка на повеќе луѓе ширум земјата. Тоа причината што RSL Care и RDNS се здружија за да ја создадат Bolton Clarke.

Иако некои нешта се менуваат, некои остануваат исти. Bolton Clarke го продолжува нашето комбинирано искуство од 200 години во давањето практична поддршка. Тоа вклучува нега од медицинска сестра во вашиот дом и други лични и домашни услуги. Сите наши услуги ги даваме љубезно и со почитување.

Ние сме една од најискусните организации во Австралија. Даваме услуги и поддршка за да им помогнеме на луѓето да живеат што е можно понезависно, без оглед каде живеат. Внимателно слушаме за да разбереме што сакате. Искрено се интересираме за секое лице со кое работиме. Се трудиме секојдневно да правиме љубезни постапки кои прават вистинска разлика.

Ветуваме дека секој ден и со сѐ што го правиме, ќе ви помагаме да го постигнете квалитетот на животот што го сакате. И да ви помагаме да продолжите со активностите што ги сакате и да останете во врска со луѓето кои ви се важни.

Ние во Bolton Clarke ја почитуваме, славиме и заштитуваме различноста. Даваме поддршка и услуги на луѓе кои потекнуваат од повеќе од 165 земји и зборуваат околу 120 различни јазици. Се стремиме секој да може да ги користи нашите услуги, без оглед на неговото или нејзиното потекло, пол, верувања или околности.

Наши услуги

Bolton Clarke At Home Support (Поддршка дома) е низа практични и флексибилни услуги. Ние даваме услуги на општа и специјализирана болничарска нега. Исто така даваме домашна помош, одмена (respite) и услуги како што се физиотерапија, подијатрија и ментално здравје. Сите услуги имаат за цел да продолжите да живеете независно во местото што сте го избрале, што е можно подолго.

Bolton Clarke исто така дава специјализирани здравствени услуги во заедницата, како што се подијатрија (лекување и грижа за стапалата), физиотерапија, ерготерапија (occupational therapy) и социјална грижа. Тоа ќе ви помогне да ја повратите или зголемите вашата подвижност, независност и општо чувство на добросостојба.

Секој има различни потреби. Постојат низа опции на финансирање кога одлучувате кои услуги ви требаат. Вашите услуги може да бидат целосно финансирани од државата, целосно финансирани од вас или финансирани и од вас и од државата. Може да ви биде малку комплицирано да ги разберете многуте различни опции на финансирање што се на располагање. Исто така може да ви биде комплицирано да утврдите каде може да ги добиете потребните услуги. Bolton Clarke ќе соработува со вас за да бидете сигурни дека комбинацијата на услуги ги опфаќа сите услуги што ви се потребни. Вашите услуги ќе ги координира ваш Bolton Clarke менаџер за услуги и 24-часовна поддршка.

Ако ви требаат повеќе информации за нашите услуги и каде може да ги добиете во вашата околина, нашата телефонска линија за помош на македонски јазик на 1300 043 200 е на располагање 24 часа дневно.

Bolton Clarke Retirement Living Communities (Живот во пензија) заедници се создадени за да бидат удобен и пријатен дом. Вие може да избирате меѓу модерни еднособни, двособни или трисобни вили. Преземена е грижа за вашиот имот, а здравствени и услуги на добросостојба се на располагање, ако ви се потребни. Нашите 26 Retirement Living заедници се лоцирани ширум Квинсленд и Нов Јужен Велс. Голем број од нив се лоцирани заедно со резиденцијални заедници за нега на постари лица.

Во Bolton Clarke Residential Aged Care (домови, станови или населби за пензионери) 24 часа дневно работат стручни регистрирани медицински сестри и специјализирани негуватели, кои може да помогнат во секое време. На располагање се специјализирани услуги, како што се за Dementia (деменција – опаѓање на работата на мозокот што влијае врз памтењето и размислувањето) и Palliative Care (палијативна нега – грижа за неизлечиви пациенти при крајот на животот). Физиотерапевти и други специјализирани здравствени професионалци се спремни да ви помогнат и да ви дадат поддршка.

Во моментов имаме 24 Residential Aged Care Communities (старски домови) во Квинсленд и Нов Јужен Велс.

За да разговарате со нас на македонски јазик со помош на телефонски преведувач, ве молиме јавете се на 1300 043 200. Вие не го плаќате телефонскиот преведувач.