Macedonian

 Print Macedonian/English

 

Нашата Bolton Clarke приказна

Подобри услуги за поддршка на повеќе луѓе ширум земјата. Тоа причината што RSL Care и RDNS се здружија за да ја создадат Bolton Clarke.

Иако некои нешта се менуваат, некои остануваат исти. Bolton Clarke го продолжува нашето комбинирано искуство од 200 години во давањето практична поддршка. Тоа вклучува нега од медицинска сестра во вашиот дом и други лични и домашни услуги. Сите наши услуги ги даваме љубезно и со почитување.

Ние сме една од најискусните организации во Австралија. Даваме услуги и поддршка за да им помогнеме на луѓето да живеат што е можно понезависно, без оглед каде живеат. Внимателно слушаме за да разбереме што сакате. Искрено се интересираме за секое лице со кое работиме. Се трудиме секојдневно да правиме љубезни постапки кои прават вистинска разлика.

Ветуваме дека секој ден и со сѐ што го правиме, ќе ви помагаме да го постигнете квалитетот на животот што го сакате. И да ви помагаме да продолжите со активностите што ги сакате и да останете во врска со луѓето кои ви се важни.

Ние во Bolton Clarke ја почитуваме, славиме и заштитуваме различноста. Даваме поддршка и услуги на луѓе кои потекнуваат од повеќе од 165 земји и зборуваат околу 120 различни јазици. Се стремиме секој да може да ги користи нашите услуги, без оглед на неговото или нејзиното потекло, пол, верувања или околности.

Наши услуги

Bolton Clarke At Home Support (Поддршка дома) е низа практични и флексибилни услуги. Ние даваме услуги на општа и специјализирана болничарска нега. Исто така даваме домашна помош, одмена (respite) и услуги како што се физиотерапија, подијатрија и ментално здравје. Сите услуги имаат за цел да продолжите да живеете независно во местото што сте го избрале, што е можно подолго.

Bolton Clarke исто така дава специјализирани здравствени услуги во заедницата, како што се подијатрија (лекување и грижа за стапалата), физиотерапија, ерготерапија (occupational therapy) и социјална грижа. Тоа ќе ви помогне да ја повратите или зголемите вашата подвижност, независност и општо чувство на добросостојба.

Секој има различни потреби. Постојат низа опции на финансирање кога одлучувате кои услуги ви требаат. Вашите услуги може да бидат целосно финансирани од државата, целосно финансирани од вас или финансирани и од вас и од државата. Може да ви биде малку комплицирано да ги разберете многуте различни опции на финансирање што се на располагање. Исто така може да ви биде комплицирано да утврдите каде може да ги добиете потребните услуги. Bolton Clarke ќе соработува со вас за да бидете сигурни дека комбинацијата на услуги ги опфаќа сите услуги што ви се потребни. Вашите услуги ќе ги координира ваш Bolton Clarke менаџер за услуги и 24-часовна поддршка.

Ако ви требаат повеќе информации за нашите услуги и каде може да ги добиете во вашата околина, нашата телефонска линија за помош на македонски јазик на 1300 043 200 е на располагање 24 часа дневно.

Bolton Clarke Retirement Living Communities (Живот во пензија) заедници се создадени за да бидат удобен и пријатен дом. Вие може да избирате меѓу модерни еднособни, двособни или трисобни вили. Преземена е грижа за вашиот имот, а здравствени и услуги на добросостојба се на располагање, ако ви се потребни. Нашите 26 Retirement Living заедници се лоцирани ширум Квинсленд и Нов Јужен Велс. Голем број од нив се лоцирани заедно со резиденцијални заедници за нега на постари лица.

Во Bolton Clarke Residential Aged Care (домови, станови или населби за пензионери) 24 часа дневно работат стручни регистрирани медицински сестри и специјализирани негуватели, кои може да помогнат во секое време. На располагање се специјализирани услуги, како што се за Dementia (деменција – опаѓање на работата на мозокот што влијае врз памтењето и размислувањето) и Palliative Care (палијативна нега – грижа за неизлечиви пациенти при крајот на животот). Физиотерапевти и други специјализирани здравствени професионалци се спремни да ви помогнат и да ви дадат поддршка.

Во моментов имаме 24 Residential Aged Care Communities (старски домови) во Квинсленд и Нов Јужен Велс.

За да разговарате со нас на македонски јазик со помош на телефонски преведувач, ве молиме јавете се на 1300 043 200. Вие не го плаќате телефонскиот преведувач.

Useful links

Talking books in Macedonian

Speak to us in your language

Our Bolton Clarke Story

A better service to support more people across the country. That’s the reason RSL Care and RDNS came together to create Bolton Clarke.

While some things change, some things won’t. Bolton Clarke continues our combined 200 years of experience delivering practical support. That includes nursing, personal and domestic care services that help you to live the best life possible. All our services are performed with kindness and respect.

We are one of Australia’s most experienced not-for-profit organisations. We provide services and support to help people live as independently as possible wherever they call home. We listen carefully to understand what it is you want. We take a genuine interest in every person we work with. We look to do the everyday acts of kindness that make a real difference.

Every day, and in all we do, our promise is to support you in achieving the quality of life you want. And to help you continue to do the activities you love, and stay connected to the people that are important to you.

At Bolton Clarke we respect, celebrate and protect diversity. We provide support and services to people who originate from over 165 countries and speak around 120 different languages. We’re committed to making sure everyone, no matter what cultural background, gender, beliefs or circumstances can access our services.

Our Services

Bolton Clarke At Home Support is a range of practical and flexible services. We cover home nursing and clinical care. We also cover domestic assistance, respite care and services like physiotherapy, podiatry and mental health. All services are designed to keep you living independently in the place you call home for as long as possible.

Bolton Clarke also provides a broad range of allied health and specialised health services within the community. These will help you regain or strengthen your mobility, independence and general sense of wellbeing.

Everybody has different needs. There are a range of funding options available when deciding which services you need. You may find it a little tricky to understand the many different funding options available. You may also find it tricky to locate the services you want. Bolton Clarke will work with you to make sure the mix of services you need are all included. Your services will be co-ordinated by your own dedicated Bolton Clarke service manager and 24 hour support. Our telephone helpline in Macedonian 1300 043 200 is available 24 hours a day if you’d like more information on our services and whether they’re available in your area.

Bolton Clarke Retirement Living communities are created to be a comfortable and welcoming home. You can choose from modern 1, 2 or 3 bedroom villas. Maintenance of your property is taken care of, and health and wellbeing services are available if you need them. Our 26 Retirement Living communities are located across Queensland and Northern New South Wales. Many are co-located with residential aged care communities.

Bolton Clarke Residential Aged Care communities are staffed 24 hours a day by expert registered nurses and dedicated care workers who can provide help at all times. Specialist services like dementia and palliative care support are available. Physiotherapists and other specialist health professionals are ready to assist and support you. Currently we have 24 Residential Aged Care communities located throughout Queensland and Northern New South Wales.

To speak to us in your language with the help of a telephone interpreter, please call our National Language Line on 1300 043 200. The telephone interpreter is free of charge to you.